14:40 - 7 ноември, 2026

„Денови на среќа“ – Момчето на Јована Јеремиќ сè уште ги чува фотографиите каде што ја гушка и бакнува бившата

Популарната српска водителка Јована Јеремиќ веќе некое време ужива во љубовта со боксерот и бизнисмен Милош Стојановиќ, попознат како Тигар. Сепак, она што привлекува големо внимание кај јавноста е фактот што тој сè уште ги чува старите љубовни спомени на својот инстаграм-профил.

Меѓу објавите може да се најде фотографија на која Милош ја гушка и бакнува својата поранешна девојка, која не и е позната на јавноста, а покрај која тој напишал дека станува збор за убави спомени и денови на среќа поминати во Египет.

Покрај љубовниот живот, јавноста ја интригира и неговиот финансиски статус, со оглед на тоа што тој покрај со бокс, успешно се занимава и со бизнис. Стојановиќ неодамна во едно телевизиско интервју откри дека поседува луксузен хотел од четири ѕвезди во Црна Гора, кој се простира на четири илјади квадратни метри.

Покрај тоа, тој е сопственик на ресторан и пекара во Белград, но призна дека моментно ги има издадено овие објекти под закуп за да може целосно и максимално да се посвети на својата спортска кариера во боксот.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....