14:40 - 7 ноември, 2026

(Видео) Цеца во патики на концертот на Рики Мартин во Белград: „Атмосферата е на максимум“

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше меѓу бројните посетители на концертот на светската поп-ѕвезда Рики Мартин, кој се одржа во Белград.

За оваа пригода Цеца избра лежерна, но елегантна комбинација – бел сако и бели панталони во комбинација со едноставна маица, кафена „Ерме Кели“ чанта и удобни патики, совршени за танцување на латино ритми.

Со очила за сонце позираше пред фоторепортерите, а потоа се упати кон концертниот простор каде што атмосферата веќе беше вжештена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)


Дека одлично се забавува, Цеца покажа и на социјалните мрежи. Таа на Инстаграм објави видео од настапот на порториканската ѕвезда, додека енергично изведуваше еден од своите најголеми хитови, и го означи Рики Мартин во објавата.

„Ун, дос, трес… и атмосферата е на максимум“, напиша Цеца, додавајќи емотикони од црвено срце, оган и аплауз.

 

Концертот на Рики Мартин привлече голем број познати личности од регионот, а публиката уживаше во неговите безвременски хитови и препознатливата сценска енергија.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....