22:39 - 8 ноември, 2026

Дејвид Бекам чекаше 13 часа за да го види ковчегот на кралицата: „Да беа моите баба и дедо денес живи, знам дека би сакале да бидат тука“

Дејвид Бекам се приклучил во километарскиот ред за да и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.

Англискиот спортист Дејвид Бекам (47) среде ноќ застанал во редот за да го погледне ковчегот на кралицата во лондонската Вестминстерска сала.

„Мислев дека ако дојдам во 2 часот по полноќ редот ќе биде помал, ама се излажав“, се пошегува тој за Скај њуз, а подоцна додаде: „Посебно е да се биде овде“.

„Пораснав во благородничко семејство и така сум воспитан. Да беа денес живи моите баба и дедо, знам дека би сакале да бидат тука”, објасни Бекам. „Значи, јас сум тука во нивно име и во име на моето семејство и очигледно со сите други овде.

Светски познатиот фудбалер знаел дека денот кога ќе умре кралицата ќе биде мачен.

„Тешко е за нацијата, тешко е за сите во светот затоа што мислам дека сите го чувствуваат тоа. Нашите мисли се со семејството и очигледно со сите овде денес“, рече тој.

Додека чекал во редот Бекам уживал во приказните што луѓето ги раскажувале за кралицата Елизабета Втора.

Поранешниот капитен на Англија изјави дека имал голема среќа што ја запознал кралицата и ја сретнал многу пати во неговата кариера.

Во 2003 година Бекам ја доби наградата „OBE“ за неговиот придонес во фудбалот, OBE е кратенка за Офицер на Редот на Британската Империја.

Тој изјави дека тоа бил неговиот најпосебен момент со кралицата. „Ги земав баба ми и дедо ми со мене, кои навистина ме воспитаа да бидам голем ројалист и обожавател на кралското семејство, па сакав да бидат таму, а таму беше и мојата сопруга. Ѝ поставував прашања и разговарав со неа, бев многу среќен што имав неколку такви моменти во животот, што бев покрај нејзиното височество“.

„Ова е тажен ден, но и ден да се потсетиме на неверојатното наследство што таа го остави зад себе“, додаде тој.

„Сите сакаат да бидат тука за да бидат дел од овој историски момент и да го слават она што Нејзиното Височество го направи за нас.

После 13 часа, Бекам конечно го видел ковчегот на кралицата Елизабета Втора. Скај њуз објави дека тој бил во солзи после тој посебен момент.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....