08:13 - 7 ноември, 2026

За прв пат маж на насловната страница на британски „Вог“

Британскиот „Вог“ за прв пат стави маж на својата насловна страница, а станува збор за 26-годишниот актер Тимоти Шаламет.

– За прв пат во 106-те години постоење на британски Вог, на насловната страница се најде маж – пишува на Твитер-страницата на магазинот.

Насловната страница и фотографиите се потпишани од Стивен Мајзел, а преку нив се обидуваат да ја покажат волјата на Шаламет да експериментира со модата. Мажите неколкупати се појавија на насловните страници на британскиот Вог, но како придружници на жените.

Тимоти Шаламет неодамна го привлече вниманието со својот моден избор за филмскиот фестивал во Венеција каде што се појави во впечатлив црвен комбинезон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timothée Chalamet (@tchalamet)

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....