7.8 C
Скопје
06:03 - 28 септември, 2026

Дара Бубамара купува станови во Барселона, па ги издава: „Ова е една од најдобрите одлуки во мојот живот“

Дара Бубамара минатата година купила стан во Шпанија, а сега купува уште еден, известуваат српските медиуми. Овој пат на око ѝ паднал имот од 70 квадрати.

– Дара е вљубена во Барселона. Ја сака енергијата на тој град, луѓето… Секој слободен момент го користи да отпатува таму со синот Коста, кој исто така е воодушевен од овој град. На пријателите им се доверила дека купувањето станови во Шпанија е една од најдобрите одлуки во нејзиниот живот. Токму затоа при последниот престој во Барселона посетила неколку апартмани, дел од нив во самиот град, а дел на само неколку минути пешачење од плажата. Посебно и се допаднал еден од околу 70 квадрати, кој чини над 300.000 евра. Планира целосно да го уреди и да го издава. Таа не сака јавно да се зборува за ова, бидејќи никогаш не се пофалила со недвижниот имот што го поседува. Дара многу работи и троши многу, но со текот на годините сфати дека е најдобро да се инвестира во станови и дека тука нема грешка – ја започнува приказната изворот за српските медиуми, па продолжува:

– Во последно време толку многу работи што навистина ѝ треба одмор, па јануари го направи празник. Сега таа е во Дубаи, а веднаш потоа повторно ќе замине во Барселона, за да продолжи да ужива, но ѝ да заврши се што треба да направи во врска со договорот за купувањето на нов имот, вели изворот.

Првиот стан во Шпанија на Дара Бубамара исто така се наоѓа во близина на Барселона, а станува збор за двособен стан со голема тераса и поглед на морето.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....