30.8 C
Скопје
21:15 - 20 август, 2026

ДА СЕ БИДЕ ЏОН МАЛКОВИЧ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЌЕ ПРЕСПИЕШ ВО ХОТЕЛ: Лекцијата е јасна – правилата важат за сите!

Правилата важат за сите, па актерот се нашол принуден да бара алтернативно сместување за да остане во Венеција.

фото – даниели хотел, Инстаграм

Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass.

Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко.

Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.

За волја на вистината, целата продукција, односно снимање, на серијата започнала бавно минатата недела, поради проблеми поврзани со Ковид, толку многу што се проценува дека околу една третина од 300-те вработени се водат за заболени од ковид. За да се обидат да ја спречат итната состојба, продуцентите се потпреле на локална лабораторија за анализа и целиот персонал правел молекуларни брисеви на секои 48 часа.

Накратко, лекцијата е јасна: не е доволно да се биде Џон Малкович.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....