Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ проговори за сериозните здравствени проблеми со кои се соочувал во изминатиот период и откри дека поради дискус хернија со месеци бил неподвижен.
По седуммесечниот престој во Москва, каде што работел на своето закрепнување, Ражнатовиќ се вратил во Србија и вели дека повредата која долго време му создавала проблеми сега е минато.
„Повредата ме натера да заминам во Русија. Имав дискус хернија. Знаев дека морам да направам нешто драстично. Сакав да се тестирам. Долго време бев неподвижен. Три-четири месеци лежев во кревет и не можев да одам. Пред тоа куцав. Мислев дека ќе помине. Тренирав и покрај болките, сè додека болката не почна да се спушта по ногата“, раскажал Вељко.
Тој открил дека токму тогаш одлучил целосно да го промени својот живот и да се посвети на закрепнувањето.
„Имав 28 години. Решив да сменам сè и да се обидам да направам резултат. Денес сум добро позициониран. За седум месеци таму стекнав контакти за цел живот и најдов тренер“, додал тој.
Вељко признал дека почетокот во Русија не бил лесен и дека во еден момент почувствувал дека никогаш нема да биде рамноправен со луѓето меѓу кои тренирал.
За време на престојот во Москва живеел во подворјето на Српската православна црква.
„Ми беше убаво таму. Бев кај отец Стефан и бев опкружен со свои луѓе“, рекол боксерот.
Сепак, најтешко му паднала разделбата со семејството, особено со неговите деца.
„Децата се мали само еднаш. Фала му на Бога што стигнав да бидам присутен на нивните родендени. Ми испраќаа снимки и моменти што требаше да ги живеам со нив, а јас бркав сон кој можеби никогаш нема да се оствари“, признал Ражнатовиќ.
Тој зборувал и за сопругата Богдана, за која има само пофални зборови.
„Богдана ме поддржа и има голема доверба во мене. Не е лесно да го пуштиш сопругот седум месеци да живее сам во Москва. Таа навистина е кралица. Голема привилегија е да имаш таква жена“, изјавил Вељко.
Освен со спортот, Ражнатовиќ се занимава и со бизнис. Тој открил дека поседува фарма за свињи, а за нејзиното функционирање се грижи негов близок соработник.
„Му го доверив бизнисот исто како што на едно место ги оставив сопругата и децата. Среќен сум што имам таков човек покрај себе“, заклучил тој во поткастот „Права приказна“.
