11:58 - 29 ноември, 2026

„Беше добро да се скрши мразот“: Блејк Лајвли проговори за еротската сцена со Бен Афлек во „Градот“

Актерката Блејк Лајвли во едно интервју ја коментираше една од најпознатите еротски сцени во филмот „Thе town“ со актерот Бен Афлек.

„Секс сцената беше навистина непријатна. Тоа беше мојот прв ден, па ви благодарам за тоа. Претпоставувам дека беше добро да се скрши мразот“, истакна таа.

Инаку, во филмот вешта група крадци ограбуваат банка и ја држат во заложништво Клер, помошничката менаџерка. Работите почнуваат да се комплицираат кога еден член од групата ќе се вљуби во Клер.

Во претходно интервју за US Magazine, Бен Афлек го коментираше појавувањето на неговата партнерка во филмот.

Според него, Блејк Лајвли била „многу сталожена и пријатна во врска со тоа – позрела од некои од тимот“, за што Лајвли имаше совршено објаснување.

„Па, јас имам големо семејство и никој никогаш не ме третирал како дете. Секогаш ме третирале како возрасна, како рамноправна. Но, кога станува збор за глумата, мислам дека половина од тоа е само самодоверба. Ние стоиме на овие црвени теписи и позираме во овие фустани, но сите сме самоуверени. Тоа не значи дека мислиме дека изгледаме одлично или нешто друго. Сето тоа е фасада“, рече Лајвли.

 

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....