15:29 - 9 ноември, 2026

БЕЛА ХАДИД ПРОЗБОРЕ ЗА НЕЈЗИНАТА ВРСКА СО АЛКОХОЛОТ: Немав контрола

Супермоделот Бела Хадид во интервју за „InStyle“ објасни дека престанала да пие откако докторот ѝ ги покажал ефектите на алкохолот врз нејзиниот мозок и рече дека едвај се контролирала кога излегувала.

„Јас го завршив мојот дел со алкохолот“, рече Хадид, која пред шест месеци реши да се откаже од пиење.

БЕЛА ХАДИД И НЕЈЗИНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ: „Чувствував измачувачка и исцрпувачка болка…“

„Го сакав алкохолот и дојде до тој степен што дури почнав да ги откажувам ноќните излегувања бидејќи чувствував дека нема да можам да се контролирам“, објасни таа.

Таа стана ко-основач и партнер на бренд за безалкохолни пијалоци во септември, откако откри дека тоа ѝ помага на нејзината анксиозност и замор од постојаното патување.

„Не чувствувам потреба да пијам алкохол бидејќи знам како тоа ќе влијае на мене во три часот наутро кога ќе се разбудам со страшна вознемиреност размислувајќи за нешто што го кажав пред пет години кога го завршив средното училиште“, рече Хадид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Таа објасни дека има „бесконечен ефект на болка и стрес заради неколку пијалоци кои не придонесоа многу“. Хадид претходно отворено зборуваше за своето ментално здравје, а во ноември минатата година објави фотографии на кои плаче.

(ФОТО)БЕЛА ХАДИД РАСПЛАКАНА: Супермоделот се отвори за своите несигурности

„Менталната болест не е линеарна и е речиси како препрека на тобоган. Има свои подеми и падови, и страни. Но, сакам да знаете, секогаш има светло на крајот од тунелот, а тобоганот секогаш целосно застанува во одреден момент“, рече таа во таа прилика.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....