10.8 C
Скопје
01:53 - 29 април, 2024

Ана Николиќ открива како „стопила“ 40 килограми: Пред да почнете со ова мени на исхрана, донесете цврста одлука дека сакате да ослабнете!

Ана Николиќ долго време се бореше со вишокот килограми, но како што ја коригираше исхраната, така и се промени фигурата – и стигна до совршена форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Пејачката сега откри што имало на нејзиното мени. Вели дека откривајќи како таа „стопила“ толку многу килограми, сака да им помогне на сите што сакаат да ослабнат.

– Мојата тајна за слабеење е во тоа што пред се е најважен внесот на течности. Имам своја утринска рутина. Штом станам пијам две чаши вода. Некогаш со цеден лимон, некогаш без. После тоа доаѓа мојот појадок, кој често се состои од јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки, признава Ана.

Таа потоа откри како изгледа нејзиниот ручек и како се бори со желбата за слатки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

– За време на ручекот јадам парче бело месо или риба со зеленчук зготвени на пареа. Ги исклучив јагленохидратите, се придржувам до внесот на калории од 1.000 до 1.200 калории. Целосно се откажав од слатките. И од месото, освен од рибата. Ако навистина ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица Нутела и си замислувам дека сум ја изела целата. Губењето вишок килограми е работа на психата – додаде таа.

Таа истакнува дека е најважно да се има желба и да се донесе цврста одлука за слабеење.

– Човек мора цврсто да одлучи дека сака да промени нешто, а со тоа и ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнувате. Со помош на апчиња за слабеење, не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Ако огладнам во доцните часови, јадам зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам два до три литри вода дневно. Некогаш и четири, објаснува Ана.

Ана во 2018 година

Еве го нејзиното дневно мени за слабеење.

Појадок (едно од наведените):

две јајца на око со еден домат

чаша јогурт со шака овесни снегулки и 1 овошје

јаболко и грст ореви

кајсија/или цреша со чаша јогурт

Ручек (едно од наведените):

супа од брокула

пржени пиперки со ориз

лосос и спанаќ

печурки со кромид и бело месо

зелена салата со туна/ракчиња

спанаќ со риба

Вечера:

јогурт

овошје

Ана пред да почне да се бори со килограмите

Ана сега:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....