21:09 - 3 ноември, 2026

Ален Исламовиќ одгледува лешници за „Фереро“: „Како да јадете Нутела“

Ален Исламовиќ, поранешен фронтмен на „Бијело дугме“ и „Дивље јагоде“, веќе со години успешно води плантажа со лешници, а неговиот род го откупува познатата италијанска компанија „Фереро“, производител на Фереро Роше и Нутела.

Според пишувањата на регионалните медиуми, пејачот од овој бизнис заработува значителна сума, која зависно од временските услови и приносот може да достигне и околу 50 илјади евра годишно.

„Ален е многу задоволен од работата, особено од соработката со толку голема светска компанија како Фереро. Неговите лешници се со врвен квалитет и ги исполнуваат сите европски стандарди за извоз“, изјавил неименуван извор.

Исламовиќ повеќепати зборувал колку му значи работата на земја и одгледувањето лешници.

„Тоа ми е исполнето слободно време меѓу викенд настапите. Плантажата ја водиме јас и братот на мојата сопруга, а се простира на 25 илјади квадратни метри. Работите почнуваат во март или април и траат до септември или октомври“, објаснил тој.

Пејачот додава дека плантажата бара постојана грижа — од наводнување и заштита од штетници до прихрана на растенијата.

„Љубовта кон земјата и земјоделството ми ја всади татко ми“, рекол Исламовиќ.

Тој открил и дека планира да развие сопствен бренд под името „Лешник од Уна“.

„Моите сорти се меѓу најбараните на пазарот за производство на чоколадо, ликери и масло. Кога ќе заминам во пензија, плантажата би можела да произведува меѓу 10 и 15 тони лешници годишно“, изјавил за порталот „Це-де-ем“.

Пејачот особено се гордее со квалитетот на своите лешници.

„Кога би го пробале мојот лешник, не би верувале — како да сте земале лажичка Нутела. Испратив примероци на анализа во Швајцарија и не можеа да поверуваат дека такви лешници се одгледуваат на Балканот“, рекол тој.

Според него, ова е работа на иднината.

„Тоа се најдобрите и најслатките сорти во Европа. Лешникот денес е како злато. Се користи во фармацијата, козметиката, производството на масла, па дури и на пелети за греење. Тоа е растение што може да раѓа и до сто години“, изјавил Исламовиќ.

Пејачот открил и како дошол до идејата да започне со плантажа.

„Сопругата наследи дел од земјиштето во Бихаќ, а јас купив уште дел. Анализата на почвата покажа дека песокливото земјиште е идеално за одгледување лешници. Реката Уна е во близина и според сè изгледа дека тука некогаш било нејзино езеро“, раскажал тој.

Признал и дека претходно речиси ништо не знаел за одгледување лешници.

„За лешниците не знаев речиси ништо, освен што како дете одев да ги берам“, заклучил Исламовиќ.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо
Се вчитува....