Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац се венчаа по речиси десет години врска, пренесуваат медиумите.
Пејачот минатата година ја запроси својата долгогодишна девојка, а потоа пристигнаа и убавите вести дека парот го очекува своето прво заедничко дете.
Саша и Зорана сè организирале во тајност, но неколку снимки сепак се појавија на социјалните мрежи. Како што пишува „Блиц“, невестата го зела презимето Ковачевиќ, а првиот танц на младенците бил со песната „U tebe sam zaljubljen“ на Роѓа Раиќевиќ.
View this post on Instagram
„Нема да верувате, но Зорана ја запознав преку Инстаграм. Така почнавме да си лајкуваме објави, влеговме во комуникација, а потоа и се видовме“, искрено раскажал Саша, додавајќи:
„Таа ја разбира мојата работа и тоа е сосема нормално. Она што нè одржува е, пред сè, љубовта, како и сè што оди со неа и што е важно за една врска да успее. Од моја гледна точка, оваа врска најмногу ми одговара во секој поглед и навистина не би ја заменил за ништо.“
Саша неодамна откри дека тој и Зорана извесен период ја криеле веста за бременоста за да бидат сигурни дека сè е во ред со бебето.
„Се трудевме некое време тоа да го задржиме за себе додека не бидеме сигурни дека сè е како што треба. Не знаеме како веста протече во јавноста, но сега е бесмислено да демантирам нешто што е вистина. Многу сме среќни и со нетрпение го чекаме денот кога ќе ни пристигне малиот Ковачевиќ или малата Ковачевиќ“, изјави Саша.
View this post on Instagram
Во емисијата „Премиера – Викенд специјал“ откри и дека посакува ќеркичка.
„Од една страна, некој треба да ја продолжи лозата Ковачевиќ, што ми е многу важно, но искрено би сакал да добиеме девојче. Вљубен сум во мојата Искра и целиот процес на нејзиното растење. Заедно живееме од нејзината втора година и тој период со женско дете ми беше навистина прекрасен. Би сакал да е девојче, но ако биде момче, ќе бидам подеднакво среќен“, изјави Саша.
Да потсетиме, Зорана веќе ја има ќерката Искра, која ја добила од врската со бизнисменот Богдан Срејовиќ.
„Сите знаат дека не сум ѝ биолошки татко на Искра, но се чувствувам како да сум“
Саша зборуваше и за односот со ќерката на Зорана, нагласувајќи дека неизмерно ужива во времето што го поминува со неа.
„Сите знаат дека не сум биолошки татко на Искра, но навистина се чувствувам како да сум. Иако таа има свој татко и никој од нас никогаш не навлегувал во тие работи, јас искрено ја доживувам како свое дете. Имаме прекрасен однос и кога станува збор за воспитувањето, сè почнува од домот. Клучот за сè е комуникацијата. Искра е многу емотивна и е личност со која навистина може да се разговара за секоја тема“, рече Саша.
View this post on Instagram
