17.8 C
Скопје
01:21 - 22 септември, 2026

Лепа Лукиќ заврши во Ургентен центар, интервенирала Брзата помош

Легендата на народната музика Лепа Лукиќ доживеала незгода во саботата вечерта, по што била пренесена во Ургентен центар.

Според информациите на српските медиуми, пејачката паднала во една продавница и притоа се здобила со повреди, поради што на местото на настанот интервенирала екипа на Брза помош. Лепа веднаш била пренесена во Ургентен центар, каде што лекарите извршиле детални прегледи.

По направените испитувања било утврдено дека таа го повредила коленото и зглобот на ногата. За среќа, повредите не биле сериозни, па по укажаната медицинска помош била пуштена на домашно лекување.

Лекарите процениле дека нема потреба од хоспитализација, но ѝ препорачале строго мирување за побрзо закрепнување. Таа добила и терапија против болки која ќе ја користи во текот на периодот на опоравување.

Најважно е што здравствената состојба на пејачката е стабилна и што повредите не се од потешка природа.

Инаку, ова не е првпат Лепа Лукиќ да доживее ваква незгода. Пред неколку години таа падна на пазар додека купувала зеленчук за ручек, кога не забележала голема дупка на земјата и скршила нога. Присутните веднаш ѝ помогнале додека пристигне Брзата помош, по што била пренесена во Ургентен центар.

Пејачката во минатото ја повредила ногата и за време на учеството во реалното шоу „Фарма“, кога паднала преку столче. Денес, по новата незгода, пред неа е период на мирување и закрепнување.

Слични објави

(Видео) Македонката Тамара издоминира на „Ѕвездите на Гранд“, жирито остана без зборови

Еспресо

„Бев оставена на подот да искрвавам“: Јована Јеремиќ „удри“ по поранешниот Драган Станковиќ, сака да му се одмазди

Еспресо

Гола обожавателка го чекала Здравко Чолиќ во креветот: Пејачката ги откри деталите од скандалозната сцена

Еспресо

Некогаш немаа многу, денес заедно во Лондон: Слаткар отпатува со брат му Стефан

Еспресо

„Се молат мама и очувот“: Џина Џиновиќ се огласи по враќањето во Белград, една работа посебно ѝ падна тешко

E.A.

„Немам јас 11 години да ми наредуваш“: Жесток судир меѓу Карлеуша и Зорица Брунцлик во „Пинкови ѕвезди“

E.A.
Се вчитува....