Хрватската пејачка Северина повторно покажа дека знае како да привлече внимание со својот моден избор. Во пресрет на концертот во Макарска, организиран по повод тамошниот ВТА турнир, таа се фотографираше на кошаркарско игралиште во Сплит, каде што спои две навидум неспоиви работи – гламур и спорт.
Пејачката позираше во впечатлив светлосин фустан на дизајнерот Јурај Зигман, украсен со кристали и реси кои блескаа при секое движење. Но, најголемо внимание привлекоа необичните сандали со детали во форма на крилја од пеперутка во интензивна портокалова боја.
Токму тие беа главната ѕвезда на модната комбинација. Портокаловата нијанса совршено се вклопи со кошаркарската топка што Северина ја држеше во рацете, создавајќи впечатлив и разигран визуелен ефект.
View this post on Instagram
Станува збор за моделот „Chiara“, сандали со потпетица висока 10 сантиметри и тродимензионални крилја од пеперутка. Овој модел пред околу една деценија беше вистински хит меѓу љубителките на модата, а тогашната цена изнесуваше околу 500 евра.
Со ова издание Северина уште еднаш потврди дека впечатливиот стил не секогаш зависи од најновите трендови. Напротив, понекогаш е доволно повторно да се искомбинираат веќе постоечки модни парчиња на свеж и неочекуван начин.
