10.8 C
Скопје
01:00 - 3 октомври, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ го прекина концертот: Драма во Врњачка Бања, реагираа итните служби

Пејачката Александра Пријовиќ синоќа одржа концерт за паметење во Врњачка Бања. Но, за време на концертот се случи ситуација која ја загрижи пејачката, па на момент го прекина настапот.

Александра забележала дека на една девојка од првиот ред ѝ се слошило, и дека ѝ е потребна помош. Таа повикала обезбедување да ѝ помогне на девојката, а потоа ѝ предложила и таа да се симне од бината.

– Има ли некој овде што може да помогне? Јас ќе слезам. Исклучете ги светлата на бината, ништо не гледам – им порачала Александра преку микрофонот на организаторите.

Обезбедувањето веднаш отишло кај девојчето и го одвело до Брзата помош за да ѝ укаже лекарска помош.

Пејачката продолжила да пее откако реагирало обезбедувањето. Во еден момент од концертот, Александра и се обрати на мајката на Филип Живојиновиќ (Лепа Брена) да ја поздрави, но и до луѓето кои дојдоа да ја слушаат дури од Канада.

@nastupi_poznatih00

Aleksandra Prijovic Kocka Vrnjacka Banja ❤️ #aleksandraprijovic #prijovicka #prijovic #vrnjackabanja #doboj #ohrid #aleksandrazivojinovic #tophill #budva #fyp #fy #fypシ゚viral #tiktok #balkantiktok #uzivo #uzivoteka #live #koncerty #koncert #nastupi_poznatih00

♬ original sound – nastupi_poznatih

Концертот на Александра доцнеше, а таа почувствува потреба да и објасни на публиката и зошто доцнеле.

– Извинете што доцневме, не е до нас, се направи пред нас голема гужва – им порача пејачката на насобраната бројна публика.

Во текот на целиот концерт публиката играше и пееше заедно со Александра на нејзините најголеми хитови.

Слични објави

Емина Јаховиќ за денешното време и променетите вредности: „Некогаш браковите беа свети, денес не се знае кој пие, а кој плаќа“

Еспресо

Познато што ќе биде со родната куќа на Тома Здравковиќ: Речиси ќе се срушеше

Еспресо

Сања Маринковиќ ѝ одржа лекција на Весна Ѓогани: Не е секое внимание добро, треба малку и отменост

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ модно усогласени – тој во брендирана тренерка, а таа со крзно околу вратот

Еспресо

Душко Тошиќ пристигна во Милано – Јелена Карлеуша престојува таму со 25 години помладиот дечко и ќерките

Еспресо

Се огласи Џина Џиновиќ откако ѝ го уапсија поранешното момче — сподели порака на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....