08:51 - 13 ноември, 2026

Ѕвездата на „Гранд“ доживеа семејна трагедија: На пејачката ѝ почина сопругот, веста ја потврди нејзиниот пријател

Сопругот на пејачката Александра Тадиќ – Ципка, Небојша Јарин Стојиќевиќ, почина денеска од срцев удар.

Во изјава за „Курир“, тажната вест ја потврди нејзиниот најдобар пријател Александар Мисојчиќ Џандер.

„За жал, информациите се точни. Само што ме известија. Одам во Шабац да бидам со неа во најтешките моменти“, рече тој.

Ципка долго време го криеше фактот дека е во брак, а сега ја снајде трагедија.

Вака зборуваше за брачниот живот: „Брачниот живот е убав. Се сакаме и се почитуваме. Заедно сме долги години и сега сето тоа го крунисавме со брак. Засега сè е во ред“.

Пејачката признала и дека животот ѝ е значително поинаков откако се омажила: „Не верував дека животот ќе ми се промени толку многу. Имам уште многу дополнителни обврски, да не зборувам за брачните, туку за семејните и домашните работи, па Тоа ме тера да се оптоварувам со уште повеќе работа и секако, мојот сопруг е тој што го има главниот збор во куќата“.

Саша Поповиќ откако доживеа повреда: Откри дали ќе продолжи да ја снима „Ѕвездите на Гранд“

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....