7.8 C
Скопје
19:52 - 30 март, 2026

ЗИМА ПОЛНА ЉУБОВ: Овие пет хороскопски знаци ќе уживаат во романса во ладните денови

Речиси е средина на септември и есента е на самиот праг, па ви се чини дека уште е рано да се зборува за зимата.

Но, ладните денови ќе донесат врела зима во животите на овие пет хороскопски знаци:

БИК

Во текот на зимата ќе запознавате луѓе кои ќе го подигнуваат вашиот морал и ќе ве поттикнуваат на креативност. Ова ќе биде одлично време за да сфатите колку е всушност големо вашето срце. Колку повеќе време посветите на љубовта, толку поубаво и потопло ќе ви биде.

РАК

Оваа година ви донесе многу нови нешта и пресврти во ваша корист. Интуицијата многу ќе ви помогне на поле на романтиката, а тоа ќе ве инспирира да бидете попосветени на љубовта. Бидете јасни во врска со вашите потреби, вреднувајте се себе и проценете кого вреди да задржите.

ЛАВ

Што навистина сакате? Свесни сте дека веќе не ви се вложува во врски од кои не излегува ништо корисно, но не дозволувајте ниту егото да надвладее. Силни сте, но и многу горди. Контролирајте ја оваа ваша страна и загарантирано ќе имате прекрасна љубовна зима.

СТРЕЛЕЦ

Подготвени сте на нови, нестандардни нешта, па дури и одредени жртви кога се во прашање љубовта и сексот. Повремено ќе се чувствувате несигурно и параноично, но со вистинската личност покрај себе многу лесно ќе го преживеете овој период. Дајте ѝ предност на љубовта.

ВОДОЛИЈА

Ви се чини дека не сте расположени за флерт и нови контакти и тоа е сосема во ред. Но, сосема непланирано ќе се случи покрај вас да се најде личност која ќе ве исполнува во секој можен аспект. Контролирајте го своето его, тоа е единственото кое може да ги расипе прекрасните прилики во претстојната зима.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....