17:23 - 8 ноември, 2026

Војвотката од Кембриџ изневерена и повредена: Кејт Мидлтон доби силна „шлаканица“ од својот најдобар пријател!

Принцот Вилијам и неговата сопруга пред некој ден го тужеа магазинот „Татлер“ поради непријатниот текст за нив наречен „Кетрин Велика“, а интересно е тоа што уредник на овој весник е некогашниот близок пријател на војвотката.

Како што велат извори блиски на кралскиот пар, војвотката од Кембриџ тешко го поднела овој текст пред се затоа што неговото објавување го дозволил Ричард Денен, нејзинот пријател од студентските денови.

Instagram

Кејт и Денен се запознале на Универзитетот Сент Ендруз и станале многу блиски пријатели кои постојано патувале заедно.

„Кејт остана повредена и многу се потресе. Многу непријатно“, рекол за медиумите извор близок на војвотката. „Но, се чувствува и изневерено бидејќи Ричард е нејзин пријател уште од Сент Ендруз. Кејт тоа не го очекуваше. Има многу прашања без одговор, посебно кој ги кажал сите тие работи на Татлер, бидејќи нејзините вистински пријатели никогаш не би зборувале така за неа“.

профимедиа

Инаку, Денен во 2015 година дури објавил и стара фотографија од Кејт Мидлтон на друштвените мрежи, а потоа ј аизбришал. На неа идната кралица се гледа како јаде сендвич на аеродром, а тој напишал дека тоа било пред нејзиниот живот да стане сериозен додека војвотката се уште јадела печеница и летала со економска класа.

Не е познато кога се раздалечиле Кејт и Денен, а тој бил и помеѓу поканетите на нејзината венчавка со принцот Вилијам во 2011 година. Во годините кои следеле, во неколку наврати давал изјави за Кејт.

профимедиа

Пред неколку дена, британските медиуми јавиле дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го тужат Татлер поради „груби и сексистички“ приказни. Овој текст започнува со пофалби и ја нарекува војвотката една од највлијателните жени на светот, но поголемиот дел е негативен.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....