6.8 C
Скопје
09:55 - 1 април, 2026

Витни била злоставувана, но не од маж – Долгогодишната асистентка ја откри тајната која долги години морала да ја чува!

Легендарната пејачка Витни Хјустон со својот глас стекна култен статус, а со својот контроверзен начин на живот привлекуваше големо внимание. Ниту седум години откако почина, не престанува да се зборува за новите детали и тајни од нејзиниот живот.

За една таква работа пејачката никогаш не зборувала, односно за мрачната семејна тајна со која се борела целиот свој живот.

Ѝ признала само на една личност, својата долгогодишна асистентка Мери Џоунс која внимателно ја сослушала кога пејачката и раскажала сè за злоставувањето кое го доживала како девојче и тоа од женски член на своето семејство.

Мери за оваа тајна на пејачката говореше во документарниот филм „Витни“ на авторот Кевин Мекдоналд и открила како ја дознала шокантната вистина.

„Витни ме погледна и ми рече: „Мери бев злоставувана во детството. Но, тоа не ми го направи маж, беше жена“. Имаше и солзи во очите и рече дека нејзината мајка немала поим што се случувало и дека ништо не и кажала за тоа. Не сакала да ѝ каже затоа што верувала дека на мајка ѝ ќе ја повреди таа личност која ја злоставувала неа. Солзи ѝ течеа по лицето и во тој момент само ја прегрнав. Ѝ кажав дека мора да и раскаже на нејзината мајка кога ќе се смири затоа што само така ќе може да го симне „товарот““ – изјавила Мери во документарецот.

Додека Витни никогаш не ја именувала својата злоставничка, нејзиниот полубрат Гери Гарланд тврдел дека и тој бил злоставуван и тоа од страна на роднината Ди Ди Ворвик, инаку сестра на пејачката Диона Ворвик, која ги демантираше овие тврдења и ги нарече зли.

profimedia

„Како дете на седум, осум и девет години ме злоставуваше член од моето семејство. Мајка ми и татко ми често беа отсутни, така што за тоа време нe чуваа различни луѓе. Четири или пет различни семејства се грижеа за нас“ – објаснил тој.

Мртвото тело на Витни Хјустон пред седум години беше пронајдено во када во хотелот Хилтон во беверли Хилс, откако таа земала комбинација од кокаин, канабис и неколку различни таблети.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....