01:12 - 26 ноември, 2026

ВИСТИНСКИ ГУРМАНИ: Овие 6 хороскопски знаци најчесто се прејадуваат

Кога е во прашање прејадувањето, според астрологијата, се работи за компулсивна реакција на она што одредени хороскопски знаци го доживуваат во реалниот живот.

Кај други претставници пак, тоа е поврзано едноставно со нивната љубов кон храна и гурманството.

Ова се шест хороскопски знаци кои губат контрола кога јадат:

Скорпија

Кога треба да воспостават контрола врз нешто што го прават, на Скорпиите најчесто им треба повеќе храна. Типично за овој знак е што јаде импулсивно и често го победува стресот со многу калории.

Водолија

Најчесто се личности со брз метаболизам, кои ги нервираат оние околу нив кои постојано им приговараат дека не се дебелеат. За жал, како минат годините, така слабее и нивниот метаболизам, а навиката за внес на големи количини храна останува.

Близнаци

Се прејадуваат затоа што не знаат што друго да направат. Близнаците не се доволно храбри за да пристапат кон реално решавање на проблемите, па посегнуваат по храна. Тие сметаат дека колку повеќе јадат, толку повеќе сила имаат за решавање на тешките ситуации.

Вага

Вагите јадат кога им е здодевно, кога се под стрес или кога се тажни и депресивни. Колку поинтензивни чувства, толку повеќе храна бара нивното тело. Дури и кога се на диета, тоа завршува со повторно прејадување на крајот од денот.

Девица

Кога притисокот станува преголем, на Девиците им треба нешто што навистина ќе ги релаксира и утеши. А, за овој хороскопски знак нема подобра утеха од богата порција со вкусна храна.

Риби

Кај Рибите не се потребни некои посебни причини да уживаат во храната. Тие тоа го прават затоа што е вкусна и затоа што им е убаво да бидат слободни од емоции кои не го попречуваат нивниот мисловен процес. Затоа и често се прејадуваат, но сепак би пробале и од десертот.

Слични објави

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.
Се вчитува....