11:06 - 28 ноември, 2026

(ВИДЕО) ОВА СЕ ПЕСНИТЕ НА АЦА ЛУКАС, ГОЦА ТРЖАН, ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ… ЗА БЕОВИЗИЈА: Koj ќе ја претставува Србија на Евровизија?

На официјалниот „ЈуТјуб“ канал на Јавниот сервис на нашиот северен сосед, денес беа објавени композиции кои влегуваат во трката за претставување на Србија на овогодинешната Евровизија. На годинешниот фестивал кој го носи името „Песна за Евровизија ’22“, на домашната јавна сцена ќе бидат претставени 36 композиции од познати и помалку познати автори.

Во двете полуфиналиња ќе бидат претставени 18 композиции, а најдобрите девет од секое полуфинале ќе се борат на 5 март во големото финале за победа, а најдобрите според гласовите на публиката и стручното жири во однос 50 проценти спрема 50 проценти ќе ја претставуваат Србија на Евровизија во Торино, Италија.

Натпреварот ќе се одржи од 3 до 5 март.

Меѓу учесниците се Аца Лукас, Наива, Тијана Дапчевиќ, Сара Џо, Бане Лалиќ и МВП, Марија Микиќ, Анџелина, Гоца Тржан, Душан Свилар, Зое Кида, Миа, Зорја Пајиќ, Констракта, Ана Станиќ итн.

Слушнете ги песните и споделете со нас кој е вашиот фаворит…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....