31.8 C
Скопје
17:46 - 7 септември, 2026

(ВИДЕО) На неверојатниот напуштен имот на МЕДВЕДЧУК има и вагон од Ориент Експрес! Од луксузни слики до скапоцени предмети…ВРЕСОК НА ПАРИТЕ!

На напуштениот гигантски имот на украинскиот олигарх Виктор Медведчук, новинарите нашле и вагон од Ориент Експрес.

Виктор Медведчук, тајкун и лидер на проруската опозиција во Украина, уапсен во специјална украинска разузнавачка операција, вагонот ѝ го подарил како роденденски подарок на својата сопруга во 2021 година.

На имотот на палатата на Виктор Медведчук, кој се наоѓа во Пушча-Водица, историска област северозападно од Киев, омилената резиденција на украинските владини претставници, министри и претседатели, новинарите од онлајн весникот Слидство нашле бројни скапоцени работи, слики, антички предмети но и – вагон!

Имотот бил напуштен од магнатот и неговата сопруга четири дена по руската инвазија на Украина.  Покрај скапоцените предмети во вилата, во паркот новинарите откриле уште поскапоцен вагон кој бил покриен со маскирна цирада, па така оддалеку изгледа како да е покриена стаклена градина.

На синиот вагон стои златниот збор „Пулман“, име на позната компанија која произведува луксузни железнички вагони.

Новинарите на Слидство откриле дека вагонот е направен по нарачка од група украински занаетчии кои биле инспирирани од оригиналниот Ориент Експрес, поточно од легендарниот „Pullman Orient Express“, создаден во 1920-тите.

Влегувајќи во вагонот, новинарите наидоа на раскошни простории: голема трпезарија за 40 луѓе, бели покривки за маса, светло-црвени кадифени завеси, позлата насекаде… Кујна, шанк со скапоцени детали – злато насекаде на секој детаљ! Накратко, вагонот е вистинско скапоцено ковчеже добро скриено од љубопитните очи.

Интересно е што вагонот бил подарок од олигархот за неговата сопруга Оксана Марченко, подарен во август 2021 година.

Слични објави

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо

По венчавката со Лазар Ристовски, Аница организираше прослава – врескаше од среќа и го покажуваше венчалниот прстен

Еспресо

Те барам во спомените и во секоја песна: Братот на загинатиот тапанар од „ДНК“ свиреше во чест на Ѓорѓи

Еспресо

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо
Се вчитува....