22.8 C
Скопје
14:46 - 2 мај, 2024

172 се новите 192, ЖЕНИТЕ ЛУДУВААТ ПО НИСКИ МАЖИ! Зеленски и Том Холанд меѓу најсексапилните мажи во 2022

„Конечно мора да престанеме да се преправаме дека високите мажи се попривлечни од ниските“, порачаа жените на социјалните мрежи и започнаа нов тренд.

Висок, црн и згоден можеби е класичен опис на совршениот маж – но новиот тренд на интернет покажува дека жените го менуваат вкусот во корист на пониските мажи.

Корисниците на социјалните мрежи на Тикток и Твитер го користат хаштагот #ShortKingSpring за да ја споделат својата љубов кон мажите високи до 172 сантиметри.
Иако тој термин се користи на интернет од 2018 година, тој станува сè попопуларен оваа година – со хаштагот #shortking што достигна повеќе од 340 милиони прегледи на Тикток.

Многу инфлуенсери дури ја нарекоа 2022 година „година на ниски мажи“, додека други ги поздравуваат мноштвото познати парови што го отелотворуваат овој тренд.

Во последните неколку недели, ѕвезди како Том Холанд, висок 173 сантиметри, Џо Џонас, 170 сантиметри и Кит Урбан, 178 сантиметри, прошетаа по црвениот тепих заедно со нивните многу повисоки партнерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Holland (@tomholland2013)

„Високи дами и ниски кралеви“

Се верува дека трендот започна во 2018 година, кога комичарот Јабуки Јанг-Вајт на Твитер напиша: „Уморен сум од користење на терминот „шорт“ (низок) како навреда. „Шорт“ ви го даде Доналд Гловер, „шорт“ ви го даде Том Холанд, „шорт“ ви го даде Даниел Калују. Па, низок е и Бруно Марс. Ниските кралеви се непријатели на негативната слика на телото и јас со гордост ќе ги бранам засекогаш“.

Сепак, дури во последно време терминот стана популарен на социјалните мрежи, а набрзо и вирален на Тикток и Твитер. Меѓу пионерите на ова движење се Аби Херберт и нејзиниот помлад сопруг, музичарот Џош.

Таа често споделува видеозаписи за разликата во нивната висина, меѓу кои се и „како да позирате со низок крал“ и „зошто висината не е важна“. На снимката таа вели: „Високи дами и ниски кралеви, сè е во илузиите и аглите!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Ниските мажи се сексуално поактивни од високите

Голем број корисници на Тикток почнаа да споделуваат списоци со најзгодни ниски мажи според нив, меѓу кои се најдоа Даниел Редклиф, младиот Спајдермен Том Холанд, музичарот Кит Урбан, а во последно време и украинскиот претседател Володимир Зеленски редовно е рангиран меѓу најсексапилните мажи во светот.

Ниските мажи се сексуално поактивни од високите – кој би рекол“, гласеше насловот на статијата на LadBible, која доби лајк од Том Холанд и воодушеви многумина.

Додека порано холивудските парови се обидуваа да ги сокријат разликите во висината со разни трикови, сега тоа веќе не е случај. Холанд и неговата прилично повисока девојка Зендаја редовно се појавуваат заедно на црвените теписи и не ја кријат разликата во висината, исто како Никол Кидман и Кит Урбан.

„Конечно треба да престанеме да се преправаме дека високите мажи се попривлечни од ниските“, „172 см се новите 192 см“, се само дел од коментарите на корисниците на Твитер што го поздравуваат „владеењето на ниските кралеви“.

Жените ги гледаат ниските мажи како подобри партнери

Изгледа не е се во трендовите. Имено, некои истражувања во минатото покажале дека жените често се повеќе наклонети кон ниски мажи. Истражувањето на Универзитетот во Нортамбрија покажа дека жените ги гледаат ниските мажи како подобри партнери за долги врски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Radcliffe (@daniel9340)

Во истражувањето учествуваа 110 жени. Како идеални кандидати за краткорочни, сексуални односи, тие ги избраа високите мажи. Но, за долги врски и брак повеќе се наклонети кон пониски мажи. Резултатите од студијата беа објавени во списанието Biological Psychology.

„Постарите мажи имаат повисок социјален статус и заработуваат повеќе. Сепак, жените не сакаат цел живот да бидат опкружени со такви типови”, вели психологот Ник Нив.

Мажите „алфа мажјаци“ честопати не се баш симпатични луѓе и имаат тенденција да бидат насилни или да изневеруваат. Ако се многу згодни и пожелни, ќе има многумина што ќе се натпреваруваат за нивното внимание. За краткотрајна врска, сакате некој што сексуално ве привлекува, но за долготрајна сакате некој попустлив, љубезен и грижлив“, вели психологот.

Тој истакнува дека реалниот живот е многу покомплексен од истражувањето во кое учествувале 110 испитаници, но едно е сигурно – стандардите на привлечност се сменети кога се во прашање мажите.

Слични објави

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо
Се вчитува....