8.8 C
Скопје
09:11 - 20 октомври, 2026

(ВИДЕО) ИНСТАГРАМ ВО ЖАЛОСТ: Доктор Горан се простува од своите бројни фанови!

Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделуваше со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како Доктор Горан за жал, но и за среќа на кратко се простува од својата работа на инстаграм и од своите бројни фанови.

Фото: Принтскрин / Instagram

Доктор Горан кој во реалниот живот покрај на инстаграм дава совети и спасува животи веќе 5 години како специјализант по Интерна медицина во Баварија реши малку да одмори од бројните прашања и снимањето забавни содржини за своите повеќе од 40. 000 фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

– Дечки! Драги пријатели! После 2 ипол години непрекинато секојдневно објавување, профилот @doktor.goran зема заслужен годишен одмор од неколку недели… Имам нови предизвици на професионално поле на кои морам целосно да се посветам за да ги совладам. Така ќе бидам подобар лекар и за себе и за вас. Имам многу планови и идеи но за жал само ограничено време па морам да приоризирам. Дружбата со вас ми го направи престојот во дијаспора многу полесен и поубав. Профилов започна како место за шала но прерасна во нешто сосем друго. Благодарам на сите за поддршката, љубовта, комуникацијата и убавите коментари. По годишниот одмор продолжуваме како и досега. Доколку ви недостасувам пуштете си некое од старите видеа, ги има многу… Кога ќе се вратам ви ветувам нови интересни содржини и лајф разговори. Во блиска иднина ќе ги намалам работните часови за да имам повеќе време за себе, фамилијата, хоби и за вас. Се надевам ме разбирате, не се лутите и ми дозволувате да земам краток одмор. Со љубов и почит, ваш Доктор Горан, стои во објавата на докторот преку која на кратко се збогува од своите илјадници фанови.

Фото: Принтскрин / Instagram

Причината за оваа одлука е само малку одмор од социјалните мрежи и секако повеќе време за неговата сопруга Александра и синчето Себастијан.

Фото: Принтскрин / Instagram

Ќе издржиме неколку недели и секако го очекуваме со нови забавни и едикативно содржини.

Убав одмор докторе!

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.
Се вчитува....