9.8 C
Скопје
12:44 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Се ожени синот на Драган Спасов – Дац: Уникатна невеста, весели гости, многу музика и многу љубов

Драган Спасов – Дац на 20 април го прослави својот 59-ти роденден, а на истиот ден актерот по втор пат заплива во брачните води. Без да знае, во тајност и со помош на најблиските пријатели, неговата долгогодишна партнерка, а сега веќе и официјална сопруга, Весна Терзиевска организирала матичар и мини прослава во еден познат скопски ресторан.

Фото: Принтскрин / Facebook

Еден месец подоцна, уште една свадбена прослава во семејството Спасови. Вчера постариот син на актерот, Јаков стапи во брак сои својата избраничка, Софија Христова, односно веќе Софија Спасов.

Добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување ја украсија свадбената прослава, а Јаков и Софија како младенци изгледаа магично. Модниот избор на невестата беше уникатен.

Фото: Принтскрин / Facebook

Прекрасната Софија за својот свадбен ден се одлучи за кратки панталони од светкав материјал и топ во црно белa боја. Изгледот го заокружи со елегантни високи потпетици (кои подоцна ги замени со бели патики) и лелеава бела полу-наметка со тул – карнери. Модниот избор на невестата го истакна нејзиното совршено обликувано тело и уникатните тетоважи.

Фото: Принтскрин / Facebook

Младоженецот Јаков беше облечен во елегантен костим со интересен дезен. Покрај младите и нивните семејства беа прекрано стилизирани, но како наш фаворит покрај невестата, тука е и модниот избор на Дац.

Фото: Принтскрин / Facebook

Свадбената прослава се одржа во познат скопски свадбен ресторан, а за музиката беа задолжени познат македонски бенд, диџеј и се разбира, легендарното дуо Дац и Александар Митевски.

Фото: Принтскрин / Facebook
Фото: Принтскрин / Facebook
Фото: Принтскрин / Facebook

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....