11:39 - 12 ноември, 2026

Како функционира поротата во случајот на Деп и Херд, која е третата централна фигура во судскиот процес?

Народната порота во американските судски процеси е клучно. Судијата е ограничен на тоа да го води судењето, но конечната одлука е резервирана за Народната порота, составена од граѓани извлечени со ждрепка пред судењето. Така, и во најпопуларниот случај на судењето на Деп против Херд, поротата го има главниот збор – а тој е закажан за вторник.

Поради чувствителноста на случајот, идентитетот на поротниците ќе остане таен цела една година, рече судијката вчера.

За Џони Деп да ја добие тужбата против неговата поранешна сопруга Херд, поротниците мора да се согласат дека актерката (Херд) делото го направила со свесно знаење за лагата или со презир кон вистината. Спротивно на тоа пак, за да се донесе пресуда во корист на Амбер, поротата мора да утврди односно да се согласи дека изјавите на Адам Валдман, адвокатот на Џони, биле злонамерно дадени како претставник на Деп.

Имено, Валдман, по Џони Деп и Амбер Херд, е третата централна фигура во процесот. Амбер тврди дека нејзиниот поранешен сопруг ја клеветел преку адвокатот што ѝ оневозможувало да добие работни ангажмани. Адвокатите на Деп побараа од судијката Пени Азкарате да ја примени на Валдман привилегијата што ги штити адвокатите од кривично дело клевета.

Судењата често се добиваат или се губат врз основа на инструкции на поротата. Овие инструкции често се во центарот на жестоки расправии, особено во долги и комплицирани судења како овој, со бројни докази и десетици сведоци.

Судијата Азкарате, вчера побарала од седумтемината мажи и жени кои се во советот да го прочитаат написот на Амбер кој беше објавен во „Вашингон пост“, кој е во центарот на случајот што се однесува до Џони, без да прескокнат „ниту еден збор, реченица или слика“.

 

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....