7.8 C
Скопје
19:36 - 10 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ЈА ЗАГРИЗА 40-тата, но БЛЕСКА повеќе од кога било: Среќен роденден Снеже Велков!

Досега се изначитавме за странските ѕвезди како изгледаат прекрасно и покрај тоа што веќе почнале да ја ситкаат 40-тата, но ако размислиме подобро такви примери можеме да сретнеме и на нашата јавна сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Прва што ни паѓа на памет е нашата познатата водителка, пилатес инструктор а во последно време и инфлуенсерка Снеже Велков, сопруга и мајка на две деца која активно вежба, вози велосипед, а подолг период е веган и креира здрави и вкусни рецепти кои ги споделува со своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)


Вчера, Снеже го прослави својот 40-ти роденден. Водителката на социјалните мрежи сподели фотографии од роденденската прослава. Балони, ружи и прекрасна роденденска торта на која беше испишан бројот 40 и нејзиното мото под хаштагот – блескај. Едноставно, Снеже блеска, како однадвор така и однатре, благодарние на здравиот и активен начин на живот по кој се води водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)


„Jа загризав 40! Признавам убави беа и дваесеттите.Создавањето на семејство го терав по стара програма. Се си завршив до 29. Паралелно терав и кариера во Бекстејџ. Триесетите пак, беа резервирани за големите кариери успеси и проектите како Х Фактор, Големиот брат и VIP на еден ден. На триесет и кусур, станав и пилатес инструктор ама и сопственичка на хаштагот #блескај а од пред три години добив и повреда на коленото која пак ми го донесе точакот како лек. Сега кога веќе нема да имам ни 2 ни 3 напред во годините редно е да кажам…Фала им на мама Цвета и тато Здравко што веруваа во мене и ја пуштија мојата своеглавост да стигне таму каде што сакав во овие 40 години“, напиша Снеже дополнувајќи:


„Што би се рекло сите во фамилија инженери, а Снеже – Да е жива и здрава. Фала им на оние кои не веруваа во мене заради кои станав посилна, подобра и поуспешна. Фала им на пријателите кои се тука до мене за да ме бодрат и тогаш кога не сум силна не сум добра и не сум успешна. Фала им на сите кои намерно или случајно ми се појавиле во животов овие 40 години-секој бил тука со причина,со тест или како лекција. А најмногу Фала на моите тројца неверојатни човечиња: Дарко, Дарин и Ален. И за крај да си кажам: 40 (и со букви)ЧЕТРИЕСЕТ Доволно многу сте за да не не можам да се вадам на младоста од дваесетите. Доволно звучни сте да не можам да се повикам на неискуството од триесетите…Ама и доволно многу сте да немам време за чекање…‼️ За се останато малку сте. Дури сега земам залет“, напиша Снеже во своеото долго е и емотивно обраќање кон своите следбеници, пријатели, роднини и секако семејството.

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....