19.8 C
Скопје
16:46 - 4 мај, 2024

(ВИДЕО) БЕНИ ШАЌИРИ ЗА СВОЈАТА СЕСТРА И ПОЛИТИКАТА: Нора ја плати цената поради мојата кандидатура за градоначалник!

Пејачот Бени Шаќири неодамна гостуваше во емисијата на „Бекстејџ“ каде зборуваше за родниот град, политиката а и животот воопшто.

На прашањето зошто важи за „човекот без влакна на јазикот кој секогаш има став и го кажува“ и зошто голем дел од јавноста го доживува на тој начин, Бени вели дека тоа се некои „излитени фрази“ и дека можеби луѓето мислат дека тоа е вистинскиот начин да се изразат и дека не му пречи како го доживуваат.


Бени изминатиот период беше актуелен и на полето на политиката.

„Скопје нема да те прифати никогаш ако не си нормален, пристоен, обичен, дружељубив… Така да, јас на Скопје немам што да му се оддолжувам, ни Скопје мене. Математиката е 0:0. Јас сум горд што сум Скопјанец и ако треба Арбен Бени Шакири да го оквалификуваш со еден збор, веројатно прво нешто што мене за себе би ми паднало на памет е дека јас сум баш скопјанец. Човек пораснат на овој асфалт, никогаш повеќе од два месеци не сум отсуствуал од Скопје“, вели тој.

Дали Нора ја плати цената што нејзиниот брат влезе во политика?

„Па да, тоа се подразбираше. Го знаев и бев убеден во тоа. Во еден момент дека таа ќе плати некаква цена. Живи сме и здрави сме… Светот се врти и без брат и сестра директори“, се пошегува Бени, велејќи дека само ѝ направиле услуга на неговата сестра.

Шакири се потсети на работите што ги научил од неговиот покоен татко, познатиот новинар Хисен Шаќири, со кој како што открива не бил многу близок, но дека секако го сака и почитува како родител.

„Морам да бидам искрен, никогаш не бевме претерано блиски како татко и син… Во последните години од неговиот живот почнавме да се зближуваме. Но во суштина, сега, откако го нема веќе подолго време, чувствувам колку ми недостасува и колку имал влијание врз мене и градењето на мојот карактер. Она што јас сум го научил од стариот мој е дека мора да си човек од збор. Ако дадеш збор, мораш да го исполниш“, вели тој.

Извор: Слободен Печат

Слични објави

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....