6.8 C
Скопје
04:32 - 19 март, 2026

УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗА! Легендарниот Роберт Де Ниро обвинет за злоставување!

Чејс Робинсон, поранешната асистентка на Роберт Де Ниро, го обвини актерот за „сексуална дискриминација, непријателско работно опкружување и вознемирување“, а како отштета бара 12 милиони долари!

Чејс тужбата ја поднесе до Сојузниот суд на Менхетен, откако Роберт Де Ниро ја обвини за затајување на шест милиони долари бидејќи, како што тврди, ја користела кредитната картичка на неговата компанија за сопствени потреби.

Таа кај Роберт Де Ниро започнала да работи во 2008 година, како извршен асистент. Отказ дала во април 2019 година, година ипол откако била унапредена во потпретседателка на производството и финансиите на компанијата на Роберт Де Ниро.

Сега тврди дека Де Ниро вербално ја злоставувал и ја третирал како своја „канцелариска сопруга“.

Во обвинението навела дека Де Ниро понекогаш бил пијан и и викал користејќи вулгарен речник, па ја принудувал да го почеша по грбот или да му ја врзе вратоврската, како и да му обавува домашни работи. Освен тоа, тврди дека и во текот на работното време имал обичај да носи пижами и дека од неа барал да влезе во неговата спална соба за да го пробуди.

принтскрин

Наводно Де Ниро очекувал Чејс постојано да му биде на располагање, па она тврди дека работела и до 11 часа дневно, но никогаш не била платена за тоа.

Инаку, компанијата на Де Ниро во август поднесе обвинение од 6.000.000 долари против Чејс Робинсон, наведувајќи дека проневерила пари и дека гледала Нетфликс додека била на работа. За обвинението наводно од компанијата откриле дека Робинсон во јануари поминала 4 дена гледајќи 55 епизоди од „Пријатели“.

Исто така, обвинението опфаќа и тврдења дека Робинсон трошела илјадници долари на лични трошоци, патувања, ручеци и луксузни ресторани.

Покрај тоа, во тужбата се наведува и дека Чејс Робинсон присвоила 125.000 долари, од прелетаните километри.

Тимот на Де Ниро по повод нејзините обвинувања изјави „Тврдењата од страна на Чејс Робинсон против Роберт Де Ниро се пред се апсурдни“

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....