16:16 - 8 ноември, 2026

Ги отпеа зборовите на љубовницата и ја откри аферата на познат политичар: Југославија зборуваше за шокантното неверство, а хитот на Јасна Злокиќ со години беше забранет

Познатата пејачка Јасна Злокиќ, која е родена на денешен ден, 15 март 1955 година, кога беше на врвот на кариерата се соочи со скандал поради љубовна афера на политичар, кој предизвика бројни контроверзии.

Во текот на осумдесеттите години Јасна Злокиќ направи вистинска сензација на регионалната музичка сцена. Со својот прекрасен глас со молскавична брзина ги освојуваше срцата на публиката, а наскоро во нејзините раце почнаа да пристигнуваат и бројни признанија. Познатата хрватска пејачка си обезбеди безвременска популарност со евергринот „Скитница“, но во екот на славата ненадејно стана дел од скандал кој во голема мера влијаеше врз нејзината кариера.

Песната „Писмо“, изведена на фестивалот во Сплит во 1986 година, предизвика толкава контроверзија што со години беше забранета на радиостаниците ширум поранешна Југославија.

Иако уметнички вредна, песната стана центар на скандал поради провокативниот текст.

Имено, текстот бил инспириран од љубовна афера, а особена бура предизвика фактот што во стиховите љубовницата директно ѝ се обраќа на законската сопруга. Медиумите тогаш кренаа голема прашина, а тогашните општествени структури и „големи моралисти“ сметаа дека не е соодветно јавно да се пее за такви теми.

Текстот на песната – заснован на вистинска љубовна афера на познат политичар

Она што дополнително го распламти скандалот беа гласините дека текстот на песната всушност е инспириран од вистинска љубовна афера во која биле вклучен познат политичар и неговата љубовница.

Оваа асоцијација предизвика големо негодување кај властите, кои беа исклучително чувствителни на вакви теми. Реакцијата беше брза и немилосрдна — песната беше забранета на многу радио и ТВ-станици и не смееше да се емитува сè до 1990 година.

Поради скандалот морала извесно време да се повлече од сцената

Иако Јасна не била директно одговорна за скандалот, нејзиното име стана нераскинливо поврзано со оваа контроверзија. Забраната значително влијаеше врз текот на нејзината кариера и доведе до нејзино повлекување од сцената во тој период, фрлајќи сенка врз нејзините дотогашни успеси.

Пејачката подоцна се осврна на овој тежок период и објасни што всушност се случило со спорната песна.

„Тоа е малку провокативна песна и со малку необичен текст, но многу реален. Слушнав за таа приказна дека не смеела да се пушта на радио. Можеби големите моралисти сметале дека не е соодветно да се пее за тоа“, изјави Јасна за песната „Писмо“.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....