22:56 - 4 ноември, 2026

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Бени Шаќири прозборе за неговиот однос со музичарот Златко Ориѓански и откри зошто веќе не се во добри односи.

Во поткастот на „Курир“, „Ништо лично“, новинарот Антонио Димитриевски го праша музичарот:

„Близок со Златко, близок си со Перо Камиказа, а овие двајца се смртни непријатели. Како мост некаков доаѓаш“.

На ова, директорот на Младинскиот културен центар одговори:

„Јас сум близок со сите во градов, сите еден со друг не зборат. Сега знаеш како, прво не може мене ни Камиказа, ни Златко, ни мајка ми родена да ми бира со кој ќе се дружам. Бидејќи мојот однос со тебе јас го негувам таков каков што е. Дали на некој од тие му се допаѓаш или не, тоа е негов проблем, знаеш. Сега секој си зема за право да ти паметува, па немој со овој. Чекај бе, од каде знаеш? Можеби имам скриена симпатија? Мислам, дај ти се молам. Денес секој си зема за право да соли памет на друг, ама кога ќе треба неговиот товар да го понесат, нешто баш и не се расположени. Така што, мене ми е Камиказа другар, добро, со Златко ги прекинавме сите комуникации и јас не би додал ништо друго. Мислам дека тој е добар во тоа што го прави“, рече Бени Шаќири.

И додаде дека тоа што повеќе не се пријатели нема врска со музика.

„Не од музички причини. Сосема е на лична основа. Едноставно не се најдовме. Јас бев исклучително коректен кон него и нека е жив и здрав, му посакувам сè најдобро“, рече Бени Шаќири.

Златко Ориѓански и Бени Шаќири одржаа концерт со пријателите во Филхармонија на 20 април 2019 година. На концертот беа изведени сите песни од албумот „Добро утро, госпоѓо“.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со „Си беше еднаш“ и „Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун, град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со „Галена“, „Анице“ и со уште многу други песни.

Слични објави

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.
Се вчитува....