20:14 - 28 ноември, 2026

Твитерџиите во исчекување: Дали Меланија Трамп повторно ќе се изнервира поради божиќното декорирање?

Instagram

Социјалните медиуми се преполни со шеги на сметката на Меланиja во врска со изјавата за 2018 година, кога таа рече дека не се грижи за украсувањето во Белата куќа за време на божиќните празници. Но, сега имаше повторно задача да ја пречека божиќната елка пред Белата куќа, за последен пат како прва дама.

Поранешната прва дама на Соединетите држави Меланија Трамп (50) го привлече вниманието на јавноста во последните четири години за многу нејзини позитивни страни, но и гафови. Се разбира, таа е сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (74), но имаше и бројни нејзини изјави запишани од корисниците на социјалните мрежи кои беа мета на потсмев или критика.

Instagram
Instagram

Нејзината поранешна пријателка и асистентка Стефани Винстон Волкоф (50) објави аудио запис каде Меланија зборува за тоа колку е незначајно украсувањето на Белата куќа за празниците.

– Кому му е гајле за овие божиќни глупости и украси. Но, морам да го сторам тоа, нели? – рекла Меланија во разговор со Волкоф во јули 2018 година.

Во видео снимката се слуша како Меланија употребува невкусна „пцофка“ додека зборува за украсувањето.Melania’s excited: It’s Christmas time at the White House again.

Но, целата ситуација немаше да биде толку смешна ако таа сега не го поздравеше доаѓањето на нејзината последна елка во Белата куќа. Наскоро почнаа да следат шеги за неа.

Instagram
Instagram

– Меланија е возбудена. Божиќ е повторно во Белата куќа. Кој рече дека таа не се грижи за Божиќ во Белата куќа? – се дел од објавите на Твитер.

Комичарот Ерик Ајдл (77) се пошегува и предложи на Меланија да пеат „Фу * к Божиќ“ во дует, осврнувајќи се на анти – божиќниот класик.

– Иако Меланија навистина обрнуваше внимание на божиќните украси во Белата куќа, јас единствено ја помнам нејзината изјавата пред две години,  е уште еден од смешните коментари на сметка на Меланија.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....