12:50 - 10 ноември, 2026

Мајкл Џеј Фокс: Неможам да ги запамтам и повторам зборовите – Повторно ќе се пензионирам

Пред речиси три децении на актерот му беше дијагностицирана Паркинсонова болест.
Актерот Мајкл Џеј Фокс (59) неодамна изјави дека повторно ќе се пензионира поради здравствени проблеми, пренесува CNN.

Актерот, кој пред речиси три децении ја доби дијагнозата паркинсонова болест, проговори во својата нова книга „No Time Like the Future“ токму за тоа прашање.

„Неможноста да ги запамтам и да ги повторам запишаните зборови е најновиот проблем со кој се сретнав. За се постои време. Не можам повеќе да работам 12 часа на ден и да паметам по седум страници дијалог. Барем така е во моментов“, напиша Фокс.

Тој славата ја стекна глумејќи во серијата „Family Ties”, а планетарно популарен стана глумејќи во трилогијата „Враќање во иднината“.

Фото: Инстаграм

Иако Фокс пишува дека ќе забави малку, тоа не значи дека неговата кариера е готова.

„Од почит кон продуцентите, режисерите, монтажерите, како и актерите кои сакаат да работат малку побрзо, јас по вторпат одам во пензија“, напиша Фокс во книгата.

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....