23.8 C
Скопје
15:39 - 20 октомври, 2026

Томас Маркл: Одлуката на Хари и Меган е збунувачка, ја повредија кралицата

Таткото на војвотката Меган Маркл, Томас Маркл, денеска изјави дека неговата ќерка и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја повредиле кралицата Елизабета Втора, со тоа што одеднаш одлучиле да се повлечат од високите кралски должности.

– Засрамен сум, жал ми е за кралицата – изјавил Томас Маркл во утринското телевизискио шоу „Добро Утро, Британија“.

Тој додаде дека не разбира зошто Хари и Меган толку брзо решиле да ги напуштат кралските должности.

– Нивната одлука е многу збунувачка и не верувам дека некој може да разбере како и зошто се случи тоа. Ваков раздор може да предизвика уште поголеми проблеми – рече Маркл.

Фото: Принтскрин

Томас Маркл, кој не присуствуваше на свадбата на Хари и Меган, рече дека и натаму ја сака својата ќерка и е разочаран што толку се оддалечиле.

– Навистина ми недостасува ќерка ми – рекол тој.

Сепак, вели дека е подготвен да излезе на суд со својата ќерка во процесот во кој Меган го тужеше весникот „Мејл он сандеј“.

– Ако дојде до тоа да се сретнеме во судница, тоа би било супер, конечно ќе ги видам – истакнува Маркл, кој додал дека досега не го запознал ниту Хари, ниту неговиот внук.

Томас Маркл исто така вели дека Хари требало да го посети и да ја побара раката на неговата ќерка.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.
Се вчитува....