16.8 C
Скопје
11:16 - 19 октомври, 2026

Титаник: Писмо напишано од пастор кој својот спасувачки елек го подарил на друг патник ќе се најде на аукција за 38.000 американски долари

Џон Харпер (John Harper), баптистички пастор од Шкотска (Scotland) патувал од Лондон (London) кон Чикаго (Chicago) на 14 април 1912 година. За жал, Харпер никогаш не стигнал до Чикаго, потонувајќи со бродот „Титаник“ (Titanic).

Сестрата и ќерката на Харпер успеале да се спасат со помош на чамци за спасување, но тој доброволно се задржал на бродот, подарувајќи го својот спасувачки елек на друг патник, пренесува „Daily Mail“.

Instagram
Instagram

Според современите извештаи, 39-годишниот духовник го проповедал Евангелието додека тонел „Титаник“ и продолжил да сведочи во замрзнатата вода сè додека не се удавил. Рачно напишаното писмо во кое се заблагодарува на друг проповедник со кој се сретнал непосредно пред да се качи на бродот, ќе се најде на продажба со проценета вредност од 38.850 до 64.750 американски долари.

Instagram
Instagram

Џон Харпер бил пастор во Баптистичката црква „Walworth Road“ во Лондон. Тој патувал со своето семејство за да проповеда во црква во Чикаго.

Неговото писмо напишано на канцелариски материјал од бродот „Титаник“, датира од 11 април 1912 година, само три дена пред бродот да потоне, и бил испратено по пошта од Квинстаун, Ирска. Писмото било адресирано на брат Јанг, пастор во Баптистичката црква „Paisley Road“ во Глазгов.

Instagram
Една од последните фотографии од бродот „Титаник“ / Instagram

„Драг мој брат Јанг. Ви ги пишувам овие зборови непосредно пред да стигнеме до Квинстаун уверувајќи ве дека не ве заборавив, а особено вашата љубезност додека бевме на север… Имав намера да ги испратам цените за воз на г-ѓа Прат непосредно пред да заминам, но во брзање, имав 11 или 12 служби до крајот на неделата, и не успеав да го направам тоа. Ќе ги испратам од Чикаго“, пишувал Харпер.

Instagram
Instagram

На собирот на преживеани, четири години по катастрофата, еден човек тврдел дека бил спасен од Харпер среде ледениот Атлантик.

„Јас сум последниот човек со кој што зборуваше Џон Харпер“, изјавил неименуваниот сведок.

Рачно напишаната белешка/писмо на Харпер ја продава приватен колекционер преку аукциската куќа „Henry Aldridge & Son Ltd“, заедно со други спомени од „Титаник“.

Слични објави

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova
Се вчитува....