7.8 C
Скопје
11:14 - 18 декември, 2024

ТЕШКАТА ПРИКАЗНА НА ПОЗНАТАТА ВОДИТЕЛКА: Роднини ја силувале, на 14 години родила бебе кое умрело, а тоа НЕ Е НАЈЛОШОТО што и се случило во животот! (ФОТО)

Таа отворено зборуваше за силувањето кое го трпела од својата деветта година и поради кое, иако имала само 14 години, останала бремена. Опра била силувана од роднина, кој подоцна би осуден на 14 години затвор.

Во времето кога станала тинејџерка, светски славната водителка ја испратиле да живее кај татко и, советник во градскиот Совет во Нешвил. Вернон Винфри веднаш на почетокот, не знаејќи дека младата Опра кај него пристигнала бремена, пред ќерката поставил многу строги морални начела и правила на однесување за кои вели дека ја изнеле на правиот пат.

Едно од нив било и тоа дека Опра не смее да вечера додека не научи пет нови зборови.

Иако нејзиниот татко бил конзервативен и строг, тој и овозможил школување. Таа станала почесен ученик и ја освоила првата награда во реторика, што и обезбеди стипендија на Тенеси државниот универзитет, каде потоа студирала комуникации. Уште кога имала 17 години работела во локалната продавница. Со оглед на тоа дека била убава, оваа особина и донела уште една титула „Мис црна Тенеси“. Со тоа го првилекла вниманието на локалната радио-станица BBOL каде набрзо започнала да работи како хонорарен соработник и тука останала да работи за време на колеџот. Уште тогаш новинарството и било во крвта и донела одлука дека цел живот ќе се занимава со медиуми.

– Мојата баба беше единствената која не се изненади од мојот избор бидејќи таа секогаш говореше дека умеам многу да зборувам и дека е најдобро да бидам на сцената. Како дете сакав да ги интервјуирам своите кукли и гавраните на капијата, раскажа Опра.

По завршувањето на студиите, од Нешвил се преселила во Балтимор каде во 1976 година водела вести, а подоцна била и домаќинка на емисијата BJZ. И покрај тој успех, Опра сакала повеќе и подобро, па ненадејно се одлучила да се пресели во Чикаго.

– Мојот прв ден во Чикаго беше 4 септември 1983 година. Кога го направив мојот прв чекор на улица, почувствував дека тука се моите корени и знаев дека тука припаѓам – изјави водителката, а од тогаш нејзината кариера доживеала вистински подем.

Како животот да не и бил доволно интригантен, па и донел уште едно изненадување, таа дознала дека има полусестра, што истовремено го сподели и со јавноста:

– Ова, пријатели мои, е најголемото чудо во мојот живот – изјави водителката и ја покажа својата полусестра Патриша од Милвоки.

Таа е родена 1963 година, во времето кога осумгодишната Опра живеела со својот татко и не знаела дека нејзината мајка Вернита е бремена со друг човек. Бебето веднаш го дале на посвојување и Партиша се селела од дом во дом, додека конечно не била посвоена на седум години.

Знаела дека е посвоена, но се откажала од обидот да го пронајде своето семејство откако од агенцијата и кажале дека нејзината мајка не сака да ја види.

Истата недела, на телевизија ја гледала емисијата за мајката на Опра која рекла дека родила уште две девојчиња, но дека и двете умреле. Податоците за раѓање се поклопиле со датумот на нејзиниот роденден. Партиша го контактирала семејството на третата сестра, која во меѓувреме починала, и ДНК анализата потврдила дека се род.

Преку роднините на Опра некако успеала да стапи во контакт со Опра, а останатото е историја.

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо
Се вчитува....