24.8 C
Скопје
11:31 - 12 септември, 2026

Србите лути, Италија благодарна: Кое е СТРУЧНОТО ЕВРОВИЗИСКО ЖИРИ на Македонија?

По евровизиското финале едно е сигурно, соседна Србија навистина ни е лута поради тоа што не добија ниту еден поен од стручното жири.

Од друга страна, од публиката добија 10 поени, додека 12 поени доби претставничката на Албанија.

Според гласањето на македонското стручно жири, поените беа распределени на следниов начин: 12 за Италија, 10 за Австралија, 8 за Албанија, 7 за Холандија, 6 за Русија, 5 за Малта, 4 за Азербејџан, 3 за Швајцарија, 2 за Исланд и 1 поен за Кипар.

Ситуацијата со гласовите на публиката е сосема поинаква: 12 поени за Албанија, Србија 10, Сан Марино 8, Холандија 7, Малта 6, Норвешка 5, 4 Швајцарија, 3 за Италија, 2 за Словенија и 1 поен за Азербејџан.

На Евровизија отсекогаш важел принципот „на ти го-дај ми го“ меѓу соседските земји, а особено познати по ова се скандинавските земји.

Србија и српските ѕвезди јавно дадоа поддршка на Тамара Тодевска. Меѓу нив беа и Цеца, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Наташа Беквалац, Жељко Јоксимовиќ…

Она што никој не го очекуваше е Србија да не добие ниту еден поен од нашето стручно жири. По бурната реакција на Марија Шерифовиќ на нејзиниот твитер-профил, многумина се запрашаа кое е всушност тоа стручно жири кое доделува поени.

Реакција на ова имаше и Тијана Дапчевиќ, сестра ѝ на Тамара, која веќе подолго време живее и работи во Србија. Во една емисија таа изјави дека е шокирана што Македонија не ѝ додели ниту еден поен на Србија:

– Бескрајно е погрешно што Македонија не ѝ даде поен на Србија. Разочарана сум од тоа жири – изјавила Тијана.

Составот на жирито беше објавен на официјалната страница на Евровизија по завршувањето на финалето.

Претседател на стручното жири е Сузана Стефановска, а членови се Фјола Исмаили, Роберт Вукелиќ, ди-џеј Тина и Ристо Апостолов.

Од друга страна, пак, Македонија доби 12 поени од српската публика, а исто така и од српското стручно жири во состав од нивните музички имиња Сања Илиќ, Александра Милутиновиќ , Леонтина, Силвана и Воја.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.
Се вчитува....