07:22 - 19 декември, 2025

Списанието „People“ ја прогласи 47-годишната актерка за најубава жена за 2019 година

Списанието „People” секоја година прогласува една славна дама за најубава, а по пејачката Пинк која беше прогласена за најубава жена за 2018 година, оваа година таа ласкава титула и припадна на актерката Џенифер Гарнер.

47-годишната Оскаровка ја краси насловната страница на списанието и тоа во своето омилено издание – без шминка, а во разговорот ги открила и тајните на својата безвременска убавина. Изгледа дека за нејзиниот младешки изглед на прагот на петтата деценија од животот се заслужни токму нејзините деца: 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафина и 7-годишниот Семјуел која ги доби во бракот со поранешниот сопруг Бен Афлек.

„Штом се вратам од некој настан или снимање, ми велат да ја отстранам шминката од лицето, да ја врзам косата во реп и да ставам очила. Тоа им е моето омилено издание и за мене тоа е комплимент”, вели Гарнер која неодамна и во интервју за “Harper’s Bazaar” открила дека приватно воопшто не носи шминка.

Во разговор за „People” открила и дека титулата на најубава жена во 2019 година ја изненадила, бидејќи како што вели, никогаш не се чувствувала како убавица ниту размислува за себе на тој начин, но секогаш била задоволна од себе и смета дека токму затоа и другите ја доживуваат како многу поубава.

„Бев многу изненадена, ми требаа неколку минути да го прифатам тоа и да се воодушевам”, раскажала таа во краткото видео објавено на Инстаграм профилот на списанието, во кое го објаснила своето сфаќање за убавината.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....