21:00 - 28 ноември, 2026

Сопругата на Дарко Лазиќ: „Во морето луксузни патувања, јас уживам на село готвејќи за сопругот и детето“

Сопругата на Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, е многу активна на социјалните мрежи, каде што сега доживеа голема непријатност.

Дарко Лазиќ и Катарина неодамна ја добија ќерката Срна, а таа сега објави фотографија на која покажа полн кревет со бебешки чевлички, што предизвика негативен коментар од една корисничка на Инстаграм.

„Во морето од профили полни со луксузни патувања, луксузна храна, луксузна гардероба и лажна совршеност, ако некој претставува нормален и реален живот, тогаш тоа сум јас. Уживам на село, готвејќи и поминувајќи време со моето бебе и сопругот, но очигледно и тоа некому му пречи. Многу е чудно и тажно кога некој е несреќен, па посакува зло и на другите. Како што ќе посееш, така ќе жнееш! Засекогаш ќе стојам зад тоа“, напиша Катарина.

Да потсетиме, Каќа неодамна даде совет за сите трудници.

„Колку ќе се здебелите во бременоста зависи исклучиво од тоа како се храните, но поважно од формата е да се храните здраво… Само, морам да ве разочарам – не треба да јадете за двајца, а ни пицата, слатките и слично не му се потребни на вашето бебе, така што, како и да се сврти, од нездрава храна нема никаков бенефит,“ изјави Каќа кога беше во осмиот месец од бременоста.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....