08:59 - 11 април, 2026

Славниот пар Бранџелина и официјално се разведе

Според пишувањата на американските медиуми, некогаш најпопуларната брачна двојка, Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (55) и официјално се разведе.

Анџелина поднесе барање за развод уште пред две и пол години, а по долгата постапка, во која главна тема беше старателството над нивните деца, сепак Анџелина го доби старателството над шесте деца (биолошки и посвоени), а Бред Пит од судот доби само детално утврден план за поминување на времето со децата.

За тоа како е распределен нивниот имот, се уште не е запознаена јавноста.

Двајцата актери се запознаа во 2005 година за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Бред Пит во тој момент беше во брак со актерката Џенифер Анистон, но набрзо потоа ја напушти поради Анџелина.

Љубовта официјално се распадна во 2016та по многубројните скандали, кавги и јавни препукувања.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....