19:01 - 6 ноември, 2026

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Цело лето и есен хортензијата дава раскошни, прекрасни цветови во вашата градина или дом. Не бара многу – ѝ треба само многу светло и вода. Иако, оваа грмушка со тркалезни цветови со бела, розева, жолта и виолетова боја подобро ќе успева во полусенка отколку на директно сонце. Во летните месеци нема да ѝ штети ниту ако ја наводнувате двапати дневно – доцна навечер и рано наутро. Најдобра вода за хортензијата е дождовница или отстоена вода.

Кога ќе настапат студените денови со ова растение пристигнато од Јапонија пред два века, треба да постапувате како со розите. Хортензиите добро ја поднесуваат зимата и нивните цветови ќе издржат температура од -10 степени. Како и розите и хортензијата е дрвенеста џбунеста билка која од студот се штити со покривање со лисја внатре во грмушката. Пред тоа грмушката се чисти од сувите, изумрени гранчиња и се сечат сувите цветови, а околу грмушката може да се стави жичена мрежа која ги придржува гранките во компактна грмушка.

Клучно е да се знае видот на хортензија што се одгледува. Иако ги има околу седумдесеттина, во градините најчесто се одгледуваат овие три сорти на хортензии: лазечки, мазни и многулисни.

Хортензиите најчесто се садат покрај ѕидовите на куќите и терасите. Во негата спаѓа редовно залевање и прихрана со комплексно ѓубриво секоја година напролет. Се реже во пролет, а тогаш и се размножува со стеблести резници.

Бојата на цветот на хортензијата ја одредува и на неа влиаје pH-вредноста на почвата.

Доколку земјата е алкална, тогаш хортензиите ќе бидат со розева боја. Алкалното земјиште има pH-вредност отприлика 7-9 и главно содржи глина. Доколку земјата е покисела, тогаш pH-вредноста е околу 5 или помалку од 5,5, а хортензиите во ваква почва остануваат со сина боја. Доколку знаете дека земјата во која сакате да засадите сина хортензија е алкална, потребно е при садењето да додадете во земјата градинарски сулфур или средства кои ја закиселуваат почвата.

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....