04:38 - 5 ноември, 2026

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

Најемотивната приказна досега, Лепа Брена ја објави на својот инстаграм-профил, во која го раскажа целиот свој животен пат.

„Сè започна како мал сон, тивко, некаде во мене, без гаранција дека некогаш ќе стане реалност. Со текот на годините, тој сон растеше со мене, поминувајќи низ подеми и падови, низ сомнежи, борби и моменти кога беше најтешко да се остане на тој пат. Но, никогаш не се откажав“, напиша балканската ѕвезда.

Она што е специфично за оваа објава, што на секоја од старите слики кои ги објави има приказна:

„Замина на пат полн до предизвици, никако лесен, но со храбро срце“, вели опиусот на една слика. На друга е прикажан нејзин настап со групата  „Слатки грех“ со која ја започна кариерата. На неа е токму со еден од највпечатливите членови на групата, Лепи Бора (Душан Трифуновиќ) кој почина во 2014 година, а Брена никогаш не го заборави. На сликата во позадина се гледа и Саша Поповиќ, кој ја изгуби битката со ракот на 1 март во 2025.

Фото/Инстаграм

„Денес, кога ќе се осврнам назад, сфаќам дека не направив ниту еден чекор сама. Благодарение на луѓе како вас, кои веруваа, слушаа, пееја, даваа поддршка и љубов без воздшка, успеав да го постигнам она за што некогаш само сонував. Вие сте причината зошто ова има смисла, зошто секоја песна има душа и зошто секоја сцена станува дом. Ова не е само моја приказна, ова е нашата заедничка емоција, нашата енергија и нашето верување дека соништата навистина можат да се остварат. Без вас, ништо од ова не би било исто. Без вас, не би била тоа што сум денес. Ви благодарам што бевте дел од моето патување, што ме носевте низ најубавите и најтешките времиња. Овој вид љубов не се заборава, се чува засекогаш“, напиша Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....