18:49 - 4 ноември, 2026

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Епското патување околу Месечината ќе заврши во вечерните часови, кога астронаутите во капсулата за екипаж со помош на Земјината атмосфера и вградените падобрани, со малку среќа, безбедно ќе слетаат во близина на калифорнискиот брег.

Додека „Orion“ забрзува при враќањето од Месечината, НАСА нагласува дека сега клучната улога ја преземаат инженерите и техничарите одговорни за завршната, најризична фаза од мисијата Артемис 2. Откако екипажот успешно го заврши својот дел од задачата, фокусот се префрла на прецизното изведување на враќањето низ Земјината атмосфера.

Оваа фаза е особено чувствителна поради проблемите со заштитниот топлински штит за време на мисијата Артемис 1, што доведе до промени во планот за влез во атмосферата. Наместо директен влез, „Орион“ ќе изведе т.н. „подигнат“ влез, односно маневар при кој леталото прво навлегува во атмосферата, потоа кратко се одбива наназад, па повторно влегува за конечното спуштање.

Ваквата траекторија овозможува постепено забавување и порамномерна распределба на топлинското оптоварување врз топлинскиот штит. Сепак, ризикот останува значителен. Како што истакна директорот на летот Џеф Радиген, клучот за успехот лежи во прецизниот агол на влез — секое поголемо отстапување би можело да доведе до неуспех на мисијата.

Завршницата на десетдневната мисија на НАСА треба да започне со одвојување на капсулата за екипаж на Орион“ од нејзиниот сервисен модул, по што следува влез во Земјината атмосфера и шестминутен прекин на радиоврската пред капсулата со падобрани да се спушти во океанот.

Доколку сè оди според планот, американските астронаути Рид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох, заедно со канадскиот астронаут Џереми Хансен, ќе слетаат во океанот нешто по 20 часот по источнoамериканско време, во близина на брегот на Сан Диего.

Крајната цел на програмата Артемис е долгорочно човечко присуство на Земјиниот сателит како отскочна даска за идни истражувања на Марс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA (@nasa)

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....