2.8 C
Скопје
03:25 - 19 април, 2024

Скапи автомобили, вили, милиони: Јелена Карлеуша и Душко имаат имот од соништата, како ќе се дели? 

Пејачката и фудбалерот во текот на бракот стекнале огромен имот. 

Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави дека по 14 години брак се разведува од Душко Тошиќ. Во таа прилика таа истакна дека целиот имот им бил пренесен на нивните ќерки Атина и Ника, додека старателството ѝ припаднало на неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Технички правните работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам ниту хуманост, ниту разбирање од јавноста, рече пејачката додавајќи дека на тоа е навикната.

Што се однесува до поделбата на имотот, таа рече.

„Преживеав сè, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни написи, целиот брачен имот беше пренесен на нашите деца, а старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега.“, ги предупреди Јелена новинарите.

Проценетата вредност на имотот на оваа наскоро бивша брачна двојка е неколку милиони евра.

Душко Тошиќ одлично заработуваше како фудбалер, а најголем успех му се приходите кои ги остварил во турскиот клуб Бешикташ каде настапувал од 2015 до 2018 година.Според медиумите, за овие три сезони во познатиот клуб Тошиќ заработил 1.250 .000 евра годишно, што е зголемување во однос на претходните со заработени 900.000 евра, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран натпревар.

По големиот успех во овој клуб, Душко се преселил во кинескит клуб – Гуангжу Р&Ф, каде што бил уште повеќе платен. Имено, тој заработувал по 5.800.000 евра по сезона, како што објавија српските медиуми повикувајќи се пак, на кинеските медиуми. Имено, Душко бил најплатениот српски фудбалер.

Кога би се собрале само паричните приходи од овие два клуба, без да се земат предвид претходните заработки, бонуси, премии..Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу неверојатни 18 милиони и 750 илјади евра, напиша претходно српски „Курир“.

Душко и Јелена за време на бракот купиле неколку имоти и автомобили. Своевремено медиумите пишуваа дека брачната двојка ја купила вилата од Драган Стојковиќ Пикси, која се наоѓа на Дедиња, вредна околу 3 милиони евра, додека времето го поминувале во луксузен дом во Лисичји Поток.

Се шпекулираше и дека одвоиле 300.000 евра за вила во Врачар, но парот никогаш јавно не проговорил за имотот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Слични објави

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави приватна преписка со нејзиниот татко! Овие зборови нема никого да остават рамнодушен

Еспресо
Се вчитува....