17:41 - 1 ноември, 2026

Шарлиз Терон: Веќе 10 години сум сингл

Познатата актерка во интервју во емисијата „Entertainment Tonight“ изјавила дека веќе подолго време е во потрага по емотивно компатибилен партнер, но дека нема заинтересирани кандидати.

„Веќе 10 години сум сингл. Изненадувачки сум слободна“, изјавила убавата актерка. Ова не е првпат таа отворено да зборува за својата љубовна ситуација. Изненадена е што многу мажи се плашат од нејзе, бидејќи е една од ретките жени која никогаш не се двоумела околу тоа јасно и гласно да го каже своето мислење.

Таа со нив разговара без цензура, со правилно дозиран хумор.

„Сепак, треба храброст за да седнеш спроти мене“, со насмевка изјавила Шарлиз.

Нејзина последна врска е со актерот Шон Пен, а пред него беше во врска со Стјуарт Таунсенд. Ја поврзуваа и со Бред Пит, но за кратко време и таа и тој ги демантираа тие наводи.

Слични објави

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....