11.8 C
Скопје
15:12 - 30 март, 2026

ШАМАР ЗА МЕГАН И ХАРИ: Што овојпат направија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон?

Откако Меган и Хари ја налутија британската јавност со патувањата со приватен авион, принцот Вилијам и Кејт го направија сосема спротивното, патуваа со редовен лет.

Вилијам и Кејт заедно со децата патувале во Абердин, а еден билет чини помалку од 70 фунти. Тие освен што патувале заедно со останатите патници, не барале никаков специјален третман, но и не се криеле кога биле фотографирани.

Ваквиот потег го подели мислењето на јавноста. Едни сметаат дека со ова даваат пример како треба да се однесуваат и Меган и Хари, а оние пак, кои „влечат“ на страната на Сасекс мислат дека Вилијам и Кејт патувале со економска класа за инает на помладиот брат и со желба да го прикажат како пакосник и трошаџија.

Принцот Хари пак, тврди дека патуваат со приватни авиони поради безбедноста. За потсетување, принцезата Дијана речиси секогаш ги користеше редовните авионски линии.

Познавачите на кралското семејство пак, се уверени дека Вилијам точно знае што прави и дека сега гради имиџ на крал на народот, сакајќи да го задржи и својот и угледот на своите деца.

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....