22:34 - 10 ноември, 2026

Северина се најде во скандал, фрлала со живи јајца кон соседите: Пејачката пријавена во полиција!

Сосед од Загреб ја пријавил пејачката Северина во полиција, бидејќи наводно фрлала со јајца кон него, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што пренесува порталот 24сата.хр, соседот на Северина рекол дека свежи јајца „му се цеделе низ маицата и панталоните“, а тој случајот го пријавил во полиција.

Фото: Инстаграм

Северина дала изјава во полиција, а како што е наведено понатаму, за време на интервенцијата пејачката изјавила дека „воопшто не знае за какви јајца зборува комшијата“ и дека за тоа време „ручала на маса со своето семејство“.

Сепак, нејзиниот сосед потврди дека и покрај овој случај тој и претходно имал проблем со пејачката.

„Некој ми ги извади брисачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“, им се доверил на своите пријатели во една прилика истиот сосед, кој живее на Козјак, Загреб, на иста адреса каде што живее и пејачката.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....