22:07 - 10 ноември, 2026

ФОТО | Победникот на Евровизија има брат кој е негова копија: Девојките лудуваат по италијанските шармери!

Дамиано Давид, фронтмен и член на групата „Måneskin“, по победата на Евровизија, не престанува да го привлекува вниманието на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Освен што со денови беше во фокусот поради сомнежот дека конзумирал кокаин во текот на финалната вечер, многу припаднички на понежниот пол не останаа рамнодушни на неговиот изглед и енергија.

Сепак, малку е познато дека Дамиано има брат кој неверојатно наликува на него, а некои велат дека е поубав од фронтменот на „Måneskin“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jacopo David (@poppodium)

Покрај енергијата на сцената и ексцентриниот изглед, Дамиано повеќе или помалку го шокираше светот бакнувајќи ги момците од бендот.

Набргу потоа се појавија неговите разголени фотографии и детали од неговиот приватен живот, како и фактот дека тој е во врска со убавата инфлуенсерка и модел Џорџа Солери повеќе од четири години.

Сепак, пошироката јавност не знаеше дека Дамиано има брат по име Јакопо Давид, кој неверојатно потсетува на пејачот.

За Јакопо многу малку се знае, освен што тој на прв поглед многу наликува на неговиот брат во физичкиот изглед.

Јакопо има девојка која често ја покажува на својот инстаграм – профил, а на една од фотографиите позира со Дамиано и славниот фудбалер Франческо Тоти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jacopo David (@poppodium)

За разлика од неговиот брат, нема голи или скандалозни фотографии и може да се заклучи дека тој води далеку помирен живот од Дамиано, кој по победата му порача на целиот свет дека „Рокенролот никогаш нема да умре!“.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....