08:40 - 4 ноември, 2026

Сека Саблиќ уплашена од коронавирусот, но глумата и помага да ги помине овие тешки денови!

YouTube

Јелисавета Сека Саблиќ позната на македонската филмска публика најмногу по улогата во „Викенд на мртовци“ и позната по репликата „Сите ќе умрете, некои после, некои сега, никој не живее вечно… сепак се плаши од смртта.

Познатата актерка искрено зборуваше за глумата, колегите, моменталната состојба и стравот поврзан со новиот коронавирус.

Сека Саблиќ се вклучи во утринската програма на „Прва“, од снимањето на новата серија.

Таа истакна дека се плаши од пандемија на коронавирусот, но нејзината работа и помага помалку да мисли во овие тешки денови.

– Многу се плашам, страшно е, но кога ќе започне снимањето, кога ќе започнам да глумам, тогаш заборавам на сѐ и сум среќна. Глумата отсекогаш била оаза и така остана, рече Сека за „Прва“,

Сека призна дека снимањата се долги, но дека ништо не и е тешко.

– Работам по 10, 11 часа, потоа се враќам дома и повторно наутро во 8, 9 часот на сет. Оди некако, младите се желни за работа, им се заканив дека секој мора да го знае текстот, сè мора да оди како на лента. Ги редам секој ден, јас сум опасна тетка, ги насмеа Сека сите.



Слични објави

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.
Се вчитува....