13.8 C
Скопје
11:17 - 14 март, 2026

„Сега таа е моја жена!“ – Лидија Вукичевиќ во врска со помлад маж? (ФОТО)

Една објава на Инстаграм беше доволна да започне целата приказна за наводната емотивна врска на српската актерка и помладиот маж кој беше учесник во реално шоу.

Откако актерката Лидија Вукичевиќ ја искоментира фотографијата која ја објави Владимир Томовиќ, учесникот на едно реално шоу, не престанува да се зборува и шпекулира за нивниот однос.

Многу корисници на Инстаграм кои ги следат Лидија и Владимир на оваа социјална мрежа мислат дека во нивниот однос станува збор за љубов. Како причина за тоа ги наведуваат експлицитните изјави на љубов помеѓу Лидија и Владимир во коментарите под објавените фотографии на Инстаграм.

Се започна по коментарот на Лидија кога под сликата на Владимир остави три срциња, на што тој и возврати со срциња и со „злато мое“. Лидија во врска со озборувањата за нивниот емотивен однос изјави дека Томовиќ го сака со сите негови квалитети и мани, како и дека е меѓу нив односот е само пријателски.

„Ние се знаеме и дружиме одамна. Јас секогаш гласам за љубовта и за неа живеам, но меѓу Владимир и мене навистина има само пријателски однос“, изјави Лидија.

Сепак, Владимир тврди дека тој и актерката се повеќе од пријатели.

„Уште како момче потајно бев заљубен во Лидија, додека гледав во филмовите и сериите. Не постои маж на Балканот кој не „палел“ на неа. Сега Лидија е моја жена и ние двајцата уживаме во љубовта“, изјави Владимир за белградските медиуми.

Иако тврдат спротивно, останува да видиме дали Лидија и Владимир се само пријатели, или се нешто повеќе од тоа.

Слични објави

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо
Се вчитува....